Укината суспензијата на Лионел Меси (ВИДЕО)

Ѕвездата на Барселона Лионел Меси ќе може да настапи за репрезентацијата на Аргентина во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година против Еквадор. Квалификацискиот циклус ќе стартува следниот месец, а „гаучосите“ првиот меч ќе го играат на 8. октомври во Буенос Аирес против Еквадор.

Лео беше суспендиран од Фудбалската федерација на Јужна Америка поради црвениот картон кој го доби на Копа Америка 2019 година на мечот против Чиле кога влезе во конфликт со Гери Медел. Аргентинците и покрај тоа што немаше натпревари во периодот измеѓу добија потврда дека казната е застарена и ќе може да сметаат на својот најдобар фудбалер.

 

 

Се вчитува...