Укинато фудбалското правило што најмногу ги нервираше напаѓачите

Меѓународниот борд на фудбалските асоцијации (ИФАБ) задолжен за промена на фудбалските правила донесе важна одлука – укинувајќи го правилото за автоматски прекин при случајно играње со рака во акција при постигнување на гол.

Пред две години беше донесено правило секое играње со рака во акција при која е постигнат гол автоматски да значи и прекин и слободен удар за противничката екипа. Сепак, по бурните реакции при серија случајни контакти со раката веќе извесно време беше вршена анализа, за на крајот да биде донесена одлука за укинување на правилото што најмногу ги нервираше напаѓачите, но и неутралните фудбалки фанови пирум светот.

Со најновата одлука, голот веќе нема да биде поништен доколку судијата оцени дека играњето со рака при акцијата било случајно, дури и ако фудбалерот го постигнал голот со рака, но немал намера да го стори тоа. Новото правило ќе стапи во сила од 1 јули 2021 година.

Се вчитува...