Манчестер Јунајтед загуби на гостувањето во Копенхаген со 4-3. Англискиот тим дојде до предност од 0-2, но на крајот не успеа да дојде барем до бод. На домашниот тим многу му помогна исклучувањето на Рашфорд во 42. минута од средбата. Одлуката беше донесена по прегледувањето на ВАР снимката.
Некогашниот играч на Ливерпул Џејми Карагер, во текот на натпреварот реагираше на оваа одлука.
„Дојде време да се укине ВАР. Ова е срамота“, напиша тој на социјалните мрежи.
Во тој натпревар двата тима шутираа пенали кои се досудени по преглед на ВАР.
„Нема шанси дека Рашфорд заслужи црвен картон. Мислам дека овие забавени снимки се изгледа 10 пати полошо отколку што навистина е“, напиша Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА