„Укинете го веднаш ВАР, го претворивте фудбалот во видео игра“

Се поголеми се критиките околу ВАР технологијата во фудбалот, откако зачестија грешките и спорните ситуации и покрај оваа технологија која  требаше да придонесе за намалување на грешките во фудбалот.

Последен во низата е екс тренерот на Ливерпул и Лестер, и сегашен на Селтик, Брендан Роџерс. Неговиот тим доживеа дебакл во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, откако токму ВАР технологијата во 23. минут му исклучи играч, а потоа се случи Атлетико да дојде до победа од 5-0.

„Сочувствувам со навивачите на Селтик. Платија стотици фунти да дојдат во Мадрид и после само 20 минути вашата екипа останува со играч помалку и целото уживање се расипува. Фудбалот се претвори во видео игри. Сите проценки ги прави екранот. Тоа не е фудбал, тоа не е онаа игра која ја препознаваме и скаме. Разговарам со луѓето од Чемпионшип каде што нема ВАР и тие уживаат во тоа. Свесни се дека повремено може да се случат грешки, но течноста и флуидноста на играта е многу позабавно од ова. Јас би го укинал ВАР и би се вратил на чистиот фудбал. Знаеме дека имаше грешко, но подобро би го прифатил тоа отколку оваа лакрдија“, рече Роџерс.

Се вчитува...