Украде 200.000 фунти од Челси, ќе заврши 10 години во затвор

Поранешна асистентка благајничка во Челси, Клер Волш, се соочува со затворска казна до десет години откако беше фатена при грабеж на клупската каса.

Волш била фатена со јасни докази дека го оштетила лондонскиот клуб за 200.000 фунти, по што вчера се појави пред прекршочниот суд во Вестминстер, изјаснувајќи се виновна по обвиненијата за измама и злоупотреба на службената положба меѓу јуни 2019 и октомври 2023 година. Таа била вработена во Челси повеќе од 20 години, пред да биде отпуштена по собраните докази против неа.

Судијата Киран О’Донел поради големината на украдената сума се прогласил ненадлежен за утврдување на казната, па Волш ќе биде осудена од страна на Крунскиотт суд во Ајлворт, при што и се заканува максимална казна од 10 години затвор.

Се вчитува...