Мистериозно исчезна ексклузивно интервју со Нејмар

Бразилскиот портал УОЛ – Еспорт пријави дека е украдено видеото со ексклузивното интервју со Нејмар. Интервјуто е направено за време на Копа америка, а требаше да биде објавено вчера, но поради кражбата тоа не се случи. Новинарот на УОЛ Еспорт, Жоао Пауло Вергуеро, тврди дека од автомобилот му е украдена мемориска картичка на која било интервјуто со Нејмар.

Во интервјуто Бразилецот, наводно говори за иднината. Не се знае точно што открил за бразилскиот медиум. Французите пренесуваат дека тој вчера имал состанок со Леонардо од кого бил замолен да остане на „Паркот на принцовите“, но дека тој сака да замине од клубот.

 

Се вчитува...