Сергеј Пелкин, извршниот директор на украинскиот првак Шахтер, бара од светската фудбалска федерација (ФИФА) да го исклучи Иран од претстојното Светско првенство и на негово место да ѝ дозволи на Украина да игра на најголемиот фудбалски спектакл.
Неговото барање е да се исфрли Иран, кој помага во војната меѓу Русија и Украина, која се одвива повеќе месеци.
„Бараме од ФИФА да го исфрли Иран од Светското првенство во Катар поради агресијата врз Украина. Тоа би била чесна одлука која ќе привлече големо внимание во светот, зашто ќе се врти вниманието дека една земја помага во убивање на недолжни Украинци. И тоа испразнето место треба да ѝ припадне на Украина. Нашата селекција немаше исти услови како останатите за баражите, но без оглед на сè нашите момци играа со срце“, објави Пелкин преку официјално соопштение кое го објави Шахтер.
Дури и ФИФА да се реши да го исфрли Иран, местото треба да ѝ припадне на следната азиска селекција за да се запази рамномерната распределба на местата по континенти, а желбата на Украина е само обичен сон. Мундијалот во Катар започнува на 20 ноември, а ќе заврши со финалето на 18 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА