Украина без двајца клучни играчи против Македонија

Селекторот на украинската репрезентација, Андриј Шевченко нема да може да смета на услигите на Јевен Конопљанка и Виктор Коваленко на престојното Европско првенство. Играчите на Шахтјор, односно Аталанта се рехабилитираат од повреди и нема да бидат подготвени за првенството, пренесуваат украинските медиуми.

Ова ќе биде сериозен проблем за репрезентацијата на Украина со оглед на тоа што овие два фудбалери важат за едни од најваќните играчи во тимот со богато интернационално искуство.

Натпреварот помеѓу Македонија и Украина ќе биде одигран на 17. јуни во Букурешт.

Се вчитува...