Мароко треба да ја замени Украина и да им се приклучи на Шпанија и Португалија во заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2030 година.
Веројатноста Украина да успее да се опорави од тековните воени конфликти и да биде домаќин на групната фаза на Светското првенство во 2030 година е минимална, а исто така постои неизвесност во раководството на тамошната федерација откако Окружниот суд во Печерск го отстрани првиот човек на организацијата Андреј Павелко од функцијата претседател на федерацијата.
Мароко е првиот кандидат кој ќе ја замени Украина во заедничката кандидатура, а предност на африканската земја е близината со Шпанија. Имено, на најблиската точка двете земји ги делат само 12 километри. Растојанието меѓу Украина и Шпанија е околу 1.600 километри, а Португалија е уште подалеку.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во три земји – Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА