Селекторот на женската ракометна репрезентација на Украина, Виталиј Андронов, го објави составот на ракометарки на кои ќе смета за бараж двомечот против Македонија за пласман на Свстското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.
Тимот го предводи бекот на Валчеа, Ирина Глибко, која во моментов е втор стрелец во Европската лига. Првиот натпревар меѓу Македонија и Украина ќе се игра на 8. април (сабота) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, додека реваншот е закажан за три дена подоцна на неутрален терен во унгарска, Кишварда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА