За неверување: На 16-годишна украинска тенисерка и се заканува затвор поради ракување со Русинка (ВИДЕО)

Младата украинска тенисерка Јелисавета Котилар со само 16 години се соочува со една од најтешките ситуации во нејзиниот живот. Имено, младата надеж на украинскиот тенис настапи на јуниорскиот Австралија Опен, а во првото коло претрпе елиминација од Русинката Влада Минчева.

Самиот пораз не е голем проблем, но бидејќи на крајот на мечот Котилар и Минчева спортски си пружија рака се најде под истрага на украинските власти. Според тамошните медиуми Министерството за младост и спорт го проверува нејзиното однесување и за овој потег ќе треба да се објасни пред највисоките институции на власта и не се исклучува можноста да добие строга казна.

Оваа вест одекна на социјалните мрежи каде луѓето го осудуваат овој потег на украинските власти, пред се поради фактот дека станува збор за малолетни лица. Дел од коментарите ја споредија Укрина со Северна Кореја.

Се вчитува...