Украинската федерација ги соопшти првите детали поврзани со организацијата на средбата од квалификациите за Светскиот Куп која е закажана за 29. ноември.
Информираа дека средбата против нашата најдобра селекција ќе се игра во главниот град на Украина – Киев, и тоа во „Дворецот на спортовите“ со почеток од 19.часот, по локално време.
Освен тоа познати се и цените на влезниците кои од пред некој ден се во слободна продажба. За четирите сектори во киевската Арена, треба да се издвојат од 70 до 500 украински гривни. Односно од 2.5 до 16.5 евра.
Претходно, на отворањето на ноемврискиот ФИБА „прозорец“, нашата машка сениорска репрезентација на 26. ноември во Скопје ќе ги одмери силите со актуелниот светски шампион – Шпанија, додека пак во истиот термин, као дел од групата „Г“, во Тбилиси, Грузија ќе ја дочека Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА