Украина на делумно исполнет стадион ќе ја пречека Македонија во Прага

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја казни Украинската фудбалска федерација со 20.000 евра поради „расистичко однесување“ на навивачите за време на квалификацискиот натпревар против Англија во полскиот град Вроцлав на 9 септември.

Фановите на трибините вееја знамиња со симболи на крајната десница. Покрај паричната казна Украина на мечот со Македонија кој ќе се игра во Прага нема да може да го исполни целиот стадион. Овој меч ќе се игра на 14. октомври.

На Украина исто така и е забрането да продава билети и за следниот натпревар на гостувањето кај Малта на 17. октомври.

Се вчитува...