На 14 април, Министерството за спорт на Украина им забрани на сите спортисти и национални тимови да учествуваат во натпреварувања во кои учествуваат спортисти или селекции на Русија и Белорусија. Ова значеше опасност Украина да го бојкотира квалификацискиот циклус за ЕП 2024 година. Во групата со Украина е и Македонија.
Матвеј Бедниј, заменик-министерот за млади и спорт на Украина, изјави дека земјата не го разгледува прашањето за забрана за учество на фудбалската репрезентација на квалификацискиот турнир за Европското првенство 2024 година.
– Досега не сме разговарале за учеството на Белорусија квалификациите и за наше бојкотирање на Европското првенство во 2024 година, изјави Бедниј за „КП Спорт“.
Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека Владите на државите не смеат да одлучуваат кои спортисти можат или не можат да се натпреваруваат на меѓународни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА