Украина пред доаѓањето во Скопје ремизираше со Германија: „Панцирите“ се спасуваа со гол од пенал во 91. минута (ВИДЕО)

Украина одигра одличен натпревар на пријателскиот тест против Германија во Бремен пред доаѓањето во Скопје на квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2024 против Македонија.

Украинците беа гости на Германија на одбележување на јубилејот – 1000 натпревари на националниот тим низ историјата, и беа пред триумф на крај ремизирајќи (3-3) благодарение на двата гола на Германија во последните минути од средбата.

Германците поведоа во 6. минута со голот на Филкруг, но веќе во 18. минута Циганков погоди за израмнување. Украина само пет минути подоцна направи пресврт. Со автоголот на Ридигер, Украинците поведоа со 1-2 и заминаа на пауза со предност.

Во второто полувреме, Циганков со својот втор гол во 56. минута ја донесе Украина и до предност од 1-3, за да Германија се спаси во последните минути.

Најпрво Каи Хаверц во 83. минута намали на 2-3, а потоа во 91. минута со гол од пенал на Џошуа Кимих домашните дојдоа до 3-3.

Се вчитува...