Украина прогласи крај на фудбалското првенство

Денеска во Украина се одржа генерален состанок со клубовите од украинската фудбалска Премиер-лигата, по што сите донесоа едногласна одлука да се прогласи крај на сезоната 2021/2022. Сите клубови се свесни дека поради инвазијата на Русија, нема да може да продолжи шампионатот, па истиот е прогласен за завршен.

Шампион ќе нема, а дополнително ќе се одлучува кој и дали ќе ја преставуваат земјата во европските купови.

Од 24. февруари се нема одиграно ниту еден натпревар, а одлуката ќе биде доставена до извршниот комитет на украинската фудбалска федерација.

Репрезентацијата на Украина во јуни ја очекуваат мечеви во квалификациите за Светско првенство во Катар против Шкотска, а потоа ако победи три дена подоцна и против Велс.

До прекинувањето на првенството, на табелата водеше Шахтјор со 47 бодови, или два повеќе од Динамо Киев.

Се вчитува...