Украина против Русија и пиринејски дуел во полуфиналето на ЕП во футсал

Пеколни дуели во двете полуфиналиња на ЕП во футсал кое се одржува во Холандија. Едната полуфинална двојка е Русија против Украина, дуел кој привлекува многу внимание со оглед на ситуацијата во односите меѓу двете земји во последно време и на политичко поле.

Вториот дуел ќе биде пиринејски – Шпанија против Португалија.

Русија во 1/4 финалето ја совлада Грузија, додека Украина беше подобра од Казахстан. Португалиај ја совлада Финска вчера, а вечерва Шпанија беше подобра од Словачка со 5-1, и влезе во полуфиналето.

Двете полуфиналиња се играат во Амстердам на 4. февруари.

Се вчитува...