Украина се закани дека ќе ги бојкотира игрите во Париз

Украина се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри, чиј домаќин ќе биде Париз во 2024 година, доколку бидат поканети спортисти од Русија и Белорусија, чии репрезентации беа исфрлени од речиси сите меѓународни натпревари по руската инвазија на украинска територија.

Можноста за испраќање покани до руските и белоруските спортисти, во четвртокот ја спомена градоначалничката на Париз, Ан Идалго, која изјави дека сака нивно учество, но без да ги нагласи националните карактеристики.

Ден претходно, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) посочи што треба да се случи за повторно вклучување на спортистите од тие две земји на меѓународните натпреварувања.

„Ваква ситуација е неприфатлива за нашата земја. Нашиот став е непроменет: додека трае војната во Украина, руските и белоруските спортисти не треба да учествуваат на меѓународни натпревари. Доколку ова не се почитува, не ја исклучувам можноста за бојкот и наше одбивање да учествуваме на Олимписките игри“, рече украинскиот министер за спорт Вадим Гуцеит.

Во средата, ИОК објави дека „ниту еден спортист не смее да има забрана да се натпреварува исклучиво врз основа на пасош“, по консултациите со претставниците на спортистите, меѓународните федерации и националните олимписки комитети.

Се вчитува...