Украинците дополнително шокирани: Тимошчук се заколнал на верност на Русија до смрт (ФОТО)

Легендарниот репрезентативец и долгогодишен капитен на Украина, Анатолиј Тимошчук (42) стана непожелна личност во својата земја, после руската инвазија врз Украина. Играчот со најмногу настапи во дресот на Украина (144) важи за предавник бидејќи не сакал да го напушти тимот на Зенит каде работи како тренер, а сите негови рекорди и значајни остварувања се бришат од Украина, како и воопшто да не постоеле.

Според објавените фотографии на социјалните мрежи, Тимошчук бил руски шпион, под договор со КГБ според кој тој се заколналн за одбрана на руските интереси до својата смрт. Тимошчук се заколнал на верност на Русија и потпишал изјава во која се колни.

„Јас, Анатолиј Тимошчук, се колнам на верност на Русија и се колнам дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Се колнам на верност на ФСБ и дека ќе ги извршувам наредбите на моите претпоставени и дека ќе чувам државни и службени тајни. Подготвен сум да го дадам животот за Русија, е наводната заклетва дадена од поранешниот фудбалер на Баерн.

Тимошчук по овие објавени фотографии е прогласен за предавник во Украина.

 

 

 

Се вчитува...