Украина со убедлива победа над Кипар ќе ја пречека Македонија на ЕП

Вечерва во последниот контролен натпревар пред ЕП репрезентацијата на Украина на домашен терен го победи Кипар со резултат од 4-0. Украина ја оправда фаворитската улога, па уште во првото полувреме ја покажа својата доминација, успевајќи да ја има топката во целосен посед. Претходно судијата уште повеќе им ја олесни задачата на домашниот тим, откако во 36. минута Антреас Панајотото направи непромислен старт и доби црвен картон.

Во првото полувреме тимот на Украина поведе со 2-0, првиот гол го постигна Андриј Јармоленко во 37. митуа откако беше прецизен од белата точка, а пред да се замине на полувреме гол од пенал постигна и Олександар Зинченко.

Доомаќините целосно ги надиграа гостите, во вториот дел Украина ја зголеми предноста најпрвин во 59. минута преку Роман Јаремчук, а по шест минути игра во листата на стрелци по вторпат се запиша Андриј Јармоленко кој донесе водство од конечни 4-0.

За потсетување, Украина ќе биде противник на нашата репрезентација на претстојното Европско првенство. Дуелот меѓу Македонија и Украина е закажан на 17 јуни.

 

 

Се вчитува...