Дел од Украина во моментов е во воена состојба поради агресијата од Русија која трае од февруари. На оваа земја не и е до фудбал во моментов, но сензационална вест доаѓа дека земјата би можела да биде домаќин на Мундијалот во 2030 година.
Станува збор за ко-организација заедно со Шпанија и со Португалија, кои веќе ја имаат поднесено кандидатурата за организација на Светското првенство за осум години. Сега двете земји размислуваат да ја уфрлат и Украина, со што значително би ги зголемиле шансите да им биде доделена организацијата.
Представниците на Шпанија и на Португалија, наводно веќе утре во ФИФА ќе ја предложат оваа идеја. Украинците исто така изразиле подготвеност да им се приклучат на двете земји. „Тајмс“ пишува дека идејата му се допаднала и на претседателот Володомир Зеленски, и дека веќе дал зелено светло за овој проект.
Шпанците и Португалците очекуваат дека тие ќе ја добијат кандидатурата од 211 членки на ФИФА кои ќе одлучуваат за домаќинството на Мундијалот.
Exclusive: Ukraine to join Spain and Portugal’s bid for 2030 World Cup.
Announcement due on Wednesday.https://t.co/H87rDb7qp6
— Martyn Ziegler (@martynziegler) October 3, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА