Олександар Зинченко, украинецот во таборот на Арсенал е блиску да го напушти клубот. Според најновите информации, негов нов клуб ќе биде Олимпик Марсеј.
Микел Артета не смета на него во новата сезона, и тој е сега блиску да ја смени средината, но и земјата и да се пресели во Франција.
Во минатото беше поврзуван со неколку клубови од Премиерлигата, како и со Борусија Дортмунд, но остана на „Емирати“. Олимпик Марсеј бараше нов лев ек, беше поврзуван и со Цимика од Ливерпул, но на крајот изборот падна врз Зинченко, кој во следните 24 часа би требало да ги мине лекарските прегледи на „Велодром“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

