Украинска атлетичарка суспендирана поради допинг

Украинската атлетичарка Марина Бек-Романчук е привремено суспендирана поради сомневање за допинг, соопшти Одделението за атлетски интегритет (АИУ).

Бек-Романчук доби суспензија поради сомневање за присуство или употреба на тестостерон, соопшти АИУ. Веста беше објавена непосредно пред состанокот на Дијамантската лига во Доха, закажан за петок.

30-годишната украинска атлетичарка не се натпреварува од август минатата година, кога на Олимписките игри во Париз заврши на 11. место во трискок.

Украинските медиуми најавија враќање на натпреварите во Доха, но нејзиното име го нема на списокот на учесници на митингот кој ќе се одржи во петок.

Се вчитува...