Ракометниот суперлигаш ГРК Тиквеш почна да го формира тимот за следната сезона во која влегува со големи амбиции на домашен план.
По тренерот Драган Марковиќ, и двете крила Дарио Кофилоски и Мартин Димовски, кавадарчани го промовираа четвртото засилување за новата сезона. Се работи за украинскиот џин, Данило Осадчи. Тој доаѓа од силната шпанска АСОБАЛ лига каде играше за Хуеска.
Украинецот потпиша двегодишен договор со Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА