Украински Шахтјор ќе тренира во Турција и ќе игра пријателски

Фудбалерите на Шахтјор добија дозвола од украинските власти да ја напуштат Украиа, и да продолжат со тренинзи во Турција, а во следниот период ќе играат и неколку пријателски натпреври од хуманитарен карактер.

„Добивме одобрување од УЕФА да бидеме домаќини на неколку пријателски натпревар. Поради тоа нашите украински играчи добија дозвола да ја напуштат земјата“, рече спортскиот директор Даријо Срна.

Шахтјор до јуни ќе одигра пријателски натпревари со Бешикташ, Фенербахче, а потоа и со Севилја, Хајдук, ПСЖ и Лацио.

Се вчитува...