Украинските фудбалери ширум Европа со пораки: „Мојата земја им припаѓа на Украинците, и никој никогаш нема да може да ја присвои!“

Најдобриот украински фудбалери ширум Европа испраќаат пораки со поддршка за своите сонародници во земјата кои од денеска се под напад на руските воени сили.

Напаѓачот на Бенфика, Роман Јаремчук го прослави погодокот против Ајакс во Лигата на шампионите соблекувајќи го својот дрес и бакнувајќи ја маичката со симболот на Украина, како поддршка за својата татковина.

„Сакам само да ја поддржам својата земја. Не е ова никаква политичка порака, но поддршка за моите сонародници. Многу размислував за тоа, и навистина се плашам поради целата ситуација. Клубот ме поддржа, разговараа со мене и сакаат да направат се за да ми олеснат во овој момент“ – истакна Јаремчук.

Се огласи и дефанзивецот на Манчестер сити, Александар Зинченко.

„Целиот цивилизиран свет е загрижен поради ситуацијата во мојата земја. Не може да останам по страна и мора да го пренесам моето размислување. Границите мора да останат неповредени. Мојата земја припаѓа на Украинците и никој никогаш нема да може да ја присвои. Нема да се откажеме. Слава на Украина“ – напиша Зинченко.

Порука со поддршка испрати и фудбалерот на Вест Хем, Андриј Јармоленко.

„Нашата сила е слободата, правото на избор, почитувањето на човечките вредности. Наш избор е европска Украина. Ние сме силен народ, на своја земја зема и вистината е зад нас“ – напиша Јармоленко.

Се вчитува...