Повеќе од 200 украински спортисти потпишаа посебна петиција со која бараат на спортистите родени во Русија и Белорусија да им се забрани настап на Олимписките игри во Париз дури и ако се натпреваруваат како неутрални спортисти.
Украинските спортисти апелираа до францускиот претседател Емануел Макрон да им забрани на Русите и Белорусите да учествуваат на Олимписките и Параолимписките игри во Париз. Барањето што го потпишаа не беше упатено до претседателот на Франција, туку до градоначалничката на Париз Ана Идалго, министерката за спорт во Владата на Франција Амели Удај-Кастер и организаторите на Игрите.
„Во јули 2024 година ќе започнат Олимписките игри во Париз. Ние, украинските спортисти, бараме ваша континуирана поддршка во борбата за зачувување на олимписките принципи и спречување на учество на спортисти од терористички држави. Ниту еден спортист од овие земји јавно не ги осуди убиствата или геноцидот на украинскиот народ за време на војната. Дозволувањето на овие спортисти да се натпреваруваат е спротивно на основните препораки на Меѓународниот олимписки комитет бидејќи тие се признати спортисти, не „неутрални“ туку отворени поддржувачи на војната“, се вели во писмото потпишано од спортистите.
Француските политичари, без разлика на нивната позиција, како и претседателот на Организациониот одбор на игрите, немаат овластување да одлучуваат кој може, а кој не може да учествува на Игрите. За ова може да одлучи само Меѓународниот олимписки комитет, како и Меѓународните федерации одговорни за дефинирање на условите за учество на игрите во согласност со овластувањата што ги имаат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА