Украинците бесни: Сакаме да играме на Мундијал, а имаме еден добар терен

Украина вчера не успеа да ја победи селекцијата на БИХ и да се зацврсти на второто место во групата. Украинците во Лвов одиграа само 1:1, но фудбалерите беа бесни поради ситуацијата со терените во земјата.

„Би сакал да кажам нешто за теренот, и се надевам дека ќе привлечам внимание кај надлежните. Не играме често во Лвов, но мора да се направи нешто со теренот. Не можеме да ги играме сите мечеви на Олимписки во Киев. Тука не можеме да стоиме. Сите селизгаме. Мора да се направи нешто. Сакаме да играме на Мундијал, а имаме само еден добар терен“, рече Тарас Степаненко, фудбалерот од средниот ред.

Со него се согласија и другите фудбалери на Украина.

Украинците во моментов се втори со една победа и дури шест нерешени резултати. Бегаат на Финска еден и на БИХ два бода, но имаат и меч повеќе од конкурентите.

Се вчитува...