Вториот патник на Евро 2024 од групата во која се наоѓа и Македонија беше одлучен денеска на „Бај Арена“ во Германија каде силите си ги одмерија Украина и Италија. Овој натпревар беше „да се биде или не“ за двете репрезентации со тоа што на Украинците им беше потребна победа, а на Италијанците доволно и реми со оглед на подобриот меѓусебен скор во овој двомеч.
Натпреварот заврши без голови што значи дека „Аѕурите“ се вратија на големата сцена, но работите можеа да бидат спротивни доколку судијата Манзано досудеше пенал во 93. минута од натпреварот по падот на Мудрик во шестнаесетникот. Шпанецот сепак не ја употреби свирката, а тоа наиде на голем револт кај украинските фудбалери.
Ukraine were not given a penalty after this challenge on Mudryk in stoppage time against Italy
byu/SpiritedSuccess5675 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА