Опасноста Украина да остане без освоените четири бода на стартот од квалификациите за ЕВРО 2020 е многу голема, откако Фудбалската Федерација на Луксембург веќе упатила жалба до ФИФА со барање за истрага на начинот на кој е дозволено Жуниор Мораеш да добие фудбалско државјанство на нова земја.
Правилата на ФИФА велат дека играч може да почне да настапува за некоја репрезентација ако е роден во таа држава, ако оттаму потекнуваат неговите родители или неговите баба и дедо, или доколку без прекин живее во државата пет години. Во случајот на Мораеш, тој од петте години минати во Украина еден краток период од четири месеци го мина на позајмица во клуб од Кина, што е основа за жалбата на Луксембург.
„Ја почитувавме процедурата и комплетната регистрација. Мораеш е пријавен пет години во Украина, со живеалиште во нашата земја, почитувани се сите закони при добивањето на државјанство“ – изјави претседателот на Украинскиот Фудбалски Сојуз, Андриј Павелко.
Дека Украина има од што да се плаши доволен доказз е ситуацијата со Боливија во калификациите за СП 2018 во Русија. Боливијците го регистрираа Парагваецот Нелсон Кабреро иако немаше пет години жителство во државата, а откако тоа беше утврдено оваа селекција беше казнета со одземање на четири бода, поради што на крајот од квалификациите не стигна до мундијалска виза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА