Украинците со почит: Ќе биде тешко, видовте како Македонија одигра со Италија

Репрезентацијата на Украина во својата октомвриска база, на тренинг-центарот на Спарта Прага, ги реализира подготовките за натпреварот со Македонија во квалификациите за ЕП 2024 кој се игра во сабота (14. октомври) од 15 часот во Прага.

Со максимална почит кон македонската селекција Украинците пристапуваат на дуелот кој е клучен и за нив, и за Македонија, во желбата да се остане во трката за втората позиција на табелата.

Дефанзивецот Александр Сваток, член на Дњипро, вели дека сите во националниот тим се свесни дека ги чека тежок натпревар, но ќе дадат максимум да дојдат до победата…

„Секогаш е убаво да се биде во репрезентацијата, па затоа сум многу среќен. Беа потребни неколку дена од Украина за да се приклучам во Прага, но не е важно. Главната работа е што пристигнав и се приклучив на подготовките. Македонија е многу силен противник. Тоа го видовме на првиот натпревар во Скопје, но и како одиграа со Италијанците. Ова е квалитетен тим со одлични индивидуалци, па ни претстои тежок натпревар. Потребно е да се приспособуваме на секој натпревар како да е последен, бидејќи во репрезентацијата не може поинаку. Сигурен сум дека и на трибините ќе има многу наши навивачи и затоа очекуваме добра поддршка“ – вели Сваток.

Се вчитува...