Кошаркарската репрезентација на Украина загуби од Португалија со 77-76 во контролен натпревар пред јулскиот прозорец во квалификациите за Светското првенство.
Украинците го контролираа резултато буквално во целиот натпревар, но падот во последната четвртина беше клучен за пораз на оваа репрезентација.
Македонската репрезентација е токму еден од следните противници на Украина. Украинците прво ќе се сретнат со Грузија на 1. јули, а три дена подоцна ни гостуваат на нас во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА