УЛЕБ и се придружи на ФИБА во тужбата од 2016 година против Евролигата и Еврокупот. Здружението на клубови од 11 европски лиги (УЛЕБ), се придружи на тужбата на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), против организаторите на Евролигата и Еврокупот поради однесувањето кое е организирано како „злоупотреба на доминантната положба на сцената на европските клупски натпреварувања“.
„Со лигите кои се членови на нашето здружение правиме се да можеме да ги задржиме принципите на играта, како на домашен, така и на меѓународното клупско ниво и ќе продолжиме да работиме на заштита на тоа. Веруваме дека сите клубови треба да имаат шанса да се натпреваруваат на најголемо можно ниво. Затоа УЛЕБ официјално се придружи на тужбата на ФИБА. Уверени сме дека тоа е добар чекор кон одбрана на моделот на европската клупска кошарка“, изјави претседателот на УЛЕБ, Томас ван Шпигел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА