Улица во Реџо Емилија добива име „Коби и Џиана Брајант“

Властите во италијанскиот град Реџо Емилија одлучиja една улица во градот да го носи името „Коби и Џиана Брајант“. Улицата своето име ќе го добие на 26. јануари кога ќе се наврши една година од трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и неговата ќерка Џиџи.

Коби живеел во Реџо Емилија во периодот од 1989 до 1991 година кога неговиот татко Џо настапуваше за Палаканестро Реџијана.

 

Се вчитува...