Улрих е сопственик на најтажната фотографија на вечерта: Само оставете ме сам!

Голманот на Баерн Минхен, Свен Улрох е еден од трагичарите на својата екипа кој е елиминирана во полуфиналето од ЛШ, од Реал Мадрид.

Баерн одигра само 2-2 синоќа на „Бернабеу“ што, по оние 1-2 од Минхен, не беше доволно за финале во Лигата на шампионите. А Улрих ја направи можеби најголемата грешка во кариерата кога само ја пропушти топката во 46. минута а тоа го искористи Бензема кој погоди за водство на Реал…

По мечот Улрих беше без сомнение најтажната личност на стадионот, за што доволно зборува и фотографијата…

Остана сам на тревникот извесен период по натпреварот, отсликувајќи ја ситуацијата во која се најде Баерн Минхен по двомечот со кралскиот клуб.

Се вчитува...