„Делије“, навивачката група на Црвена Звезда, е прогласена за најдобра во светот за 2о18 во изборот на специјализираниот портал „Ultras World“. Веднаш зад фановите на Црвена Звезда се навивачите на Ајнтрахт Франкфурт, а во првата „десетка“ се и тифозите на Легија Варшава, Рапид Виена, АИК Стокхолм, Казабланка, Копенхаген, Бока јуниорс, АЕК Атина, и на Видзев Лоѓ.
Критериум за влез на ова рангирање е поддршката што навивачката група ја дава на домашен терен, гостувањата, како и креативните кореографии, пиротехниката, но и следењето на другите спортови освен фудбалот. Посебен акцент е ставен на меѓународните натпреварувања како Лига на шампиони, Лига Европа, Копа Либертадорес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА