„Ултраси“ на ПСЖ ги вознемируваа „кралевите“ во доцните часови (ВИДЕО)

Некаде околу 01:30 часот по полноќ, група од педесетина верни фанови на Пари Сен Жермен употребуваа пиротехника во близина на хотелот во Париз каде се сместени фудбалерите на Реал Мадрид. Мотивот е јасен, ПСЖ и Реал вечерва ќе ги судрат силите за влез во четвртфинале на ЛШ, па оние „најверни“ одлучија да му помогнат на својот тим така што ги вознемируваа ѕвездите на актуелниот европски шампион во доцните часови.

Полицијата набрзо пристигна да спречи понатамошни дивеења, а групата навивачите успеа да избега пред надлежните сили да стигнат до нив.

 

 

Се вчитува...