Ултрасите го заменија Мурињо, па им одржаа лекција на фудбалерите на Рома по срамниот дебакл (ВИДЕО)

Рома синоќа го доживеа еден од најголемите порази во својата фудбалска историја, а овој дебакал „римската волчица“ го забележа под водство на контрвоерзниот Жозе Мурињо, откако загуби со 1-6 на гостувањето кај Бодо Глимт.

Иако дојдоа како фаворити, Бодо го демолираше тимот на португалскиот стратег, по што на ултрасите од Рим им се стемни пред очи. По мечот за момент беше заменет Мурињо, па ултрасите ги построија фудбалерите и им одржаа лекција за катастрофата што ја приредија на омилениот клуб.

Допрва фудбалерите на Рома ќе имаат мака со жестоките навивачи, зашто тешко оваа рана ќе се залечи за брзо време.

 

 

Се вчитува...