Ултрасите на Милан открија што му подготвуваат на Донарума на „Сан Сиро“

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума ќе има „специјален пречек“ на Сан Сиро во рамките од натпреварот против Милан во Лигата на шампионите.

Најжестоките навивачи на „росонерите“, Курва Суд планира да фрли лажни банкоти кон Донарума, како и да го исвиркува италијанскиот голман. Исто така голем број ќе носат дресови со бројот 71, што според неаполска книга значи личност без вредности.

Голем дел од навивачите на Милан му се лутат на голманот поради заминувањето на играчот како слободен агент во ПСЖ во 2021 година. Веќе еднаш играше на Сан Сиро, но со италијанската репрезентација, и тогаш беше жестоко исвиркуван.

Се вчитува...