Најзагреаните навивачи на Удинезе, ги отфрлаат обвинувањата за расизам врз голманот на Милан, Мајк Мањан за време на натпреварот кој се играше во неделата, и кој Милан на крајот го доби со 2-3.
Во еден момент во првиот дел, Мањан го напушти теренот и се упати кон соблекувалната, жалејќи се дека бил цел на расиситчки испади од страна на фановите на Удинезе.
„50 камери, микрофони, службени лица, сите беа тука, а единствениот кој ја слушна наводната расистичка порака е Мајк Мањан? Веруваат слепо како овци на нешто што ќе кажат на ТВ или на социјалните мрежи. Пред да ги клеветите нашите фанови, покажете докази, докажете дека имало расизам“, стои во соопштението на навивачите на Удинезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА