Ултрасите со порака до Инзаги и Интер пред дербито со Рома

Интер денеска ќе биде домаќин на Рома во рамки на новото коло од Серија А, а навивачите на „нероазурите“ не сакаат ни да помислат на нов кикс на избраниците на Симоне Инзаги.

Ултрасите превземале иницијатива и решиле лично да разговараат и испратат јасна порака, па на средбата со Инзаги и дел од играчите им ја посочиле важноста на победата на дербито.

Ултрасите сметаат дека главен виновник за актуелната ситуација е раководството предводено од кинеските сопственици и постојано бараат тие да заминат од клубот, но очигледно не се задоволни и од залагањето на дел од фудбалерите.

Интер загуби три од последните пет натпревари во Серија А и има пет бода помалку од лидерите Наполи и Аталанта.

Натпреварот меѓу Интер и Рома е закажан за денеска од 18 часот.

Се вчитува...