Домашниот тенисер Иго Умбер е вториот финалист на последниот турнир од АТП мастерс 1000 серијата кој се игра во Берси арената во Париз.
Во второто полуфинале Умбер вечерва славеше со пресврт 2-1, по сетови 6-7, 6-4 и 6-3 против рускиот тенисер, Карен Хачанов.
Во финалето Умбер ќе се сретне со Александер Зверев кој во првото полуфинале со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-6 славеше против Данецот, Холгер Руне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА