Дефанзивецот на Тотенхем, Мики Ван де Вен, го постигна сигурно голот на 4. коло во Лигата на шампионите.
Самиот гол не е најспектакуларен, туку неверојатниот спринт со топката на холандскиот фудбалер покрај неколку играчи на Копенхаген, во натпревар кој заврши со триумф на Англичаните од 4-0 е сигурно за издвојување.
Ван Де Вен ја прими топката во близина на својот шеснаесетник, потоа како брз воз мина низ противничките играчи, „профучи“ покрај нив како ветер, конечно стигна до другиот крај од теренот и реализираше на мајсторски начин.
ГОЛОТ НА ВАН ДЕ ВЕН ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

