Францускиот интернационалец Самуел Умтити би можел на лето да го напушти „Камп Ноу“, пошуваат медиумите во Шпанија. Причината е несогласувањето околу платата на одличниот дефанзивец, кој стана еден од столбовите во тимот на Ернесто Валверде. Но, се кршат копја околу неговата плата. Умтити бара зголемување на месечната плата на 150.000 евра, додека раководството на Барселона не сака ни да слушне за плата над 120.000 евра.
Сето ова го следат англиските клубови Манчестер сити и Манчестер јунајтед кои имаат желба да го ангажираат Самуел Умтити. Неговата отштетна клаузула изнесува 60 милиони евра, што и не е недостижно за богатите англиски премиерлигаши. И Гвардиола и Мурињо донесоа многу дефанзивци во своите тимови, но и погрешија со некои трансферни одлуки, а Умтити би бил екстра засилување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА