Умтити горд: Имаме карактер на светски шампиони

Во четвртфиналето првиот погодок го постигна Рафаел Варан, вечерва дојде ред Самуел Умтити да ја има улогата на херој, постигнувајќи го голот за победа над Белгија. Асот на Барселона не го криеше задоволството по пласманот во финалето, но и потенцираше дека нема простор за преголема радост бидејќи најголемиот предизвик во Русија допрва претстои.

„Мислам дека се уште не сме свесни колку е голема оваа победа. Радосни сме, но и знаеме дека не смее да има еуфорија бидејќи пред нас е најтешкиот дел од задачата – да победиме во финалето и да ја завршиме работата. Сите работевме заедно напорно за овој триумф. Јас го дадов голот, но заслугите мора да бидат подеднакви за сите. Уште еднаш покажавме дека сме силна репрезентација против која никој не може да доминира, покажавме дека имаме карактер за светски шампиони“ – изјави Умтити.

Се вчитува...