Умут Каран го чека многу „думање“ како да се „оправи“ Шкупи (ФОТО)

Веднаш по денешната промоција, турскиот стратег Умут Каран го одработи првиот тренинг со тимот на Шкупи на Чаир.

Легендата на Галатасарај доаѓа во Шкупи во момент кога тимот е на дното на прволигашката табела, со крајно разочарувачки старт. Па од 41-годишниот Каран, кој нема некои забележително тренерско искуство, сега се очекува да го консолидира тимот и да го насочи на патот кон врвот од табелата и излез на европската сцена следната сезона.

Факт е дека Каран го очекува повеќе од макоптрпна задача и многу моменти за „думање“ како да се „оправи“ Шкупи…

 

Се вчитува...