Тренерот на Шкупи, Умут Каран е задоволен по победата на неговиот тим од 1-0 против Беласица во 16.коло од ПМФЛ која доаѓа како мотив плус за последните две есенски кола.
Каран потенцира дека фудбалерите мора максимално да се концентрираат за последните 180 минути во шампионатот очекувајќи поддршка и од навивачите за утрешниот натпревар против Ренова.
„Не очекуваат сега последните 180 минути од есенскиот дел во кои секој од фудбалерите мора да го даде максимумот за успех на тимот. Престојниот натпревар со Ренова е многу важен за нас. Потребна ни е помош и од трибините затоа што бодовите ни се важни. Шкупи веќе наметнува препознатлива игра која верувам дополнително ќе биде изградена за време на зимската пауза“ – вели Каран.
Под водство на турскиот стратег Шкупи досега има четири победи, наспроти две ремија и два порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

