Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез нема да го продолжи престојот во Баерн Минхен по завршувањето на оваа сезона, откако раководството на клубот донесе одлука да не го откупи неговиот договор од Реал Мадрид. Тој се наоѓа на двегодишна позајмица на „Алијанц арена“, по што ќе мора да се врати во Мадрид. Но, нејасно е дали ќе го носи повторно дресот на „кралскиот клуб“, па дел од големите европски клубови се обидуваат тоа да го искористат и уште отсега да го договорат неговото доаѓање.
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, е еден од најупорните во тој поглед. Тој посакува да го доведе Хамес Родригез на „Емирати“ и веќе побара од раководството на Арсенал максимално да се потруди околу тоа. Неговата цена во моментот изнесува околу 45 милиони евра, што Емери смета дека не е преголем влог за квалитетот на одличниот играч за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА