Шпанскиот стратег Унаи Емери ќе го наследи Арсен Венгер на кормилото на Арсенал. Тој самиот го потврди трансферот на личниот сајт, истакнувајќи дека му претставува голема чест што ќе биде дел од семејството на Арсенал.
Емери изминатата сезона беше на кормилото на Пари Сен Жермен, ги освои титулите на домашна сцена, но не успеа да стигне далеку во Лигата на шампионите, откако „светците“ беа елиминирани од актуелниот европски првак Реал Мадрид уште во осминафиналето.
Според медиумите на Островот, Унаи Емери е веќе договорен да седне на клупата на Арсенал, а најавил дека тимот ќе го гради околу Пјер Емерик Обамејанг и Арон Рамзи. Претходно, како најсериозен кандидат за менаџерската позиција во Арсенал се споменуваше Микел Артета, поранешниот играч на „топчиите“, кој во изминатиот период работи како асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА