Репрезентацијата на Германија многу потешко од очекувањата стигна до триумф на контролниот дуел со Гана што избраниците на Нагелсман го добија со 2-1 со голот што во самиот финиш го постигна Денис Ундав.
Германците беа подобар противник во првиот дел и поведоа со пеналот на Каи Хаверц, но Гана не се предаде и кон средината на вториот дел стигна до израмнување.
Домаќините долго се мачеа, но на крајот најдоа начин да победата, и тоа по акцијата на двете резерви, Сане проигра во шеснаесетникот, а Ундав (влезе во 46. минута на местото на Гнабри) мајсторски ја смести топката под гредата.
🚨🚨| GOAL: DENIZ UNDAV PUTS GERMANY BACK IN FRONT!!
Germany 2-1 Ghanapic.twitter.com/sxhVQyYJB1
— CentreGoals. (@centregoals) March 30, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

